Информации во врска со процесот на усогласување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места на институциите од јавниот сектор
Собранието на Република Македонија ги донесе Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор на седница одржана на 3 февруари 2014 година, а истите се објавени во „Службен весник на Република Македонија“ бр.27, од 5 февруари 2014 година. Законите влегуваат во сила 8 дена од денот на нивното објавување, односно 13 февруари 2014 година, а нивната примена започнува по една година, односно 13 февруари 2015 година.
Со донесувањето на новите законски решенија, надлежноста за давање на согласност на актите за систематизација и внатрешна организација е пренесена на Министерството за информатичко општество и администрација.
Член 17 од Законот за вработените во јавниот сектор ја уредува содржината и постапката за донесување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места. Имено, член 17 став (7) од наведениот закон, определува дека актот за внатрешна организација и актот за систематизација на работните места, раководното лице на институцијата ги донесува по претходна согласност од Министерството за информатичко општество и администрација во однос на нивната меѓусебна усогласеност како и нивната усогласеност со одредбите од овој закон, како и од органот надлежен за давање согласност на актот утврден со закон или со друг пропис во однос на нивната усогласеност со тие закони или прописи.
Со цел за поедноставување на постапката за усогласување, како и заради поголема ефикасност и економичност на истата, усогласувањето на актите се врши електронски, преку доставување на целокупната документација во врска со актите на електронската адреса sistematizacii@mioa.gov.mk.
Откако електронски ќе бидат доставени актите, од страна на Министерството за информатичко општество и администрација, односно организационите единици надлежни за издавање на согласност на актите за внатрешна организација и систематизација на работни места, електронски се даваат насоки за постапување и целосно усогласување на актите со одредбите од Законот за административните службеници, Законот за вработените во јавниот сектор, Правилник за содржината и начинот на подготовката на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, како и содржината на функционалната анализа на институциите на јавниот сектор и Каталогот на работни места во јавниот сектор.
Актите може да се изменуваат и дополнуваат на начин и постапка како и при нивното донесување.
По целосното електронско усогласување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, институциите потребно е усогласената верзија на актите да ја достават хартиено до Министерството за информатичко општество и администрација, со архивски број, датум, потпис и печат на институцијата, за добивање на согласност.
Исто така, Министерството за информатичко општество и администрација има изработено и урнеци на акти за систематизација по области, кои им помагаат на институциите во процесот на изработка на овие акти.
Во прилог линкот каде се поставени урнеците за изработка на актите за систематизација:
Во прилог се и документите кои се од особено значење во процесот на подготвување и усогласување на актите за систематизација и внатрешна организација, меѓу кои и Каталогот на работни места.
- Каталог на работни места
- Закон за административни службеници
- Закон за вработените во јавниот сектор
- Правилникот за содржината и начинот на подготовка на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места како и содржината на функционалната анализа на институциите од јавниот сектор
- Уредба за описите на категориите и нивоата на работните места на административните службеници
- Класификација на научно - истражувачките подрачја, полиња и области според меѓународната Фраскатиева класификација