Published on Ministria për Shoqëri Informatike dhe Administratë (https://www.mioa.gov.mk)

Home > МИОА започнува со обуки за управување со квалитетот во јавниот сектор

МИОА започнува со обуки за управување со квалитетот во јавниот сектор [1]

Скопје, 19 декември 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија во соработка со Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА) од денеска започнува со обуки на тема: Управување со квалитет во јавниот сектор.

Главна цел на обуките е зајакнување на капацитетите на државните институции за имплементација на системи, модели и алатки за управување со квалитетот.

Обуката ќе ја спроведе Ник Тијс, меѓународен експерт за управување со квалитет во јавниот сектор.

Обуките се наменети за лица кои се одговорни за управување со квалитет во институциите, лица кои работат на воведување на системи и модели за управување со квалитет и лица кои планираат да работат на воведување на системи за управување со квалитет во институциите.

Програмата ќе биде спроведена во Скопје и ќе се реализира преку различни методи за обука како: презентации, дискусии, работа во групи, вежби за вештини итн. Обуките ќе бидат во времетраење од 3 дена и ќе се спроведат повеќекратно во текот на декември 2017 година, јануари и февруари 2018 година.

По завршување на обуките учесниците ќе се стекнат со знаење во следните области:

  • процесот на управување со квалитет во јавниот сектор;
  • местото на CAF моделот во рамките на различните модели кои се користат за целосно управување со квалитет во јавниот сектор;
  • како да се имплементира CAF моделот;
  • системите за управување со квалитет како ISO, BPR и сл.;
  • процесот на управување со задоволството на граѓаните / клиентите, вклучувајќи ги техниките за мерење на задоволството на корисниците;
  • подобар увид во специфични елементи на лидерство и стратегија во управувањето со квалитет во јавниот сектор.

 

Министерство за информатичко општество и администрација


Links
[1] https://www.mioa.gov.mk/?q=sq/node/1435