Меморандум за соработка со амбасадата на Велика Британија
Скопје, 29 ноември 2017 година
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Чарлс Гарет ќе потпишат меморандум за соработка.
Меморандумот за соработка ќе се потпишува на 30.11.2017 (четврток), во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација.
По потпишувањето на меморандумот, во 10:30 часот, министерот Манчевски и амбасадорот Гарет ќе дадат изјава за медиуми.
Меморандумот за соработка е дел од проектот за поддршка на Република Македонија во реформа на јавната администрација во неколку области како што се: стратешко планирање и носење јавни политики, управување со човечки ресурси, подобрување на регулативата и отворени податоци.
Министерство за информатичко општество и администрација