ПОКАНА

Скопје, 13 септември 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација Ве поканува на јавна дискусија за подготовка на Национален оперативен план за развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи во Република Македонија. Оперативниот план е согласно стратегијата Дигитална Агенда на ЕУ за развој на информатичко општество. Настанот ќе се одржи на 22-ри (петок) септември 2017 година, од 11:00 часот до 13:00 часот, во Клуб на пратениците во Скопје.

Со цел успешна и конструктивна дискусија на МИОА ги објави потребните документи од оваа област. Сите потребни информации можете да ги најдете на следниот линк: http://mioa.gov.mk/?q=mk/node/1313.


Ви благодариме на интересот,

Министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски


Министерство за информатичко општество и администрација