Скопје, 13 јули 2022
Денеска се одржа десеттиот состанок на Секретаријатот за реформа на јавната администрација со којшто претседаваше заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски.
![]() Скопје, 13 јули 2022 Денеска се одржа десеттиот состанок на Секретаријатот за реформа на јавната администрација со којшто претседаваше заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски.
|
![]() Скопје, 12 јули 2022 Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити денеска оствари работна средба со Данела Арсовска-претседателка на ЗЕЛС(Заедница на единиците на локална самоуправа), со Јетон Акику-директор на АЕК(Агенција за електронски комуникации), со директорот на ЈП Национална Радиодифузија Ендрин Кадриу, како и со членовите на Националната Канцеларија за Бродбенд Компетентност (НКБК). |
![]() Скопје, 11 јули 2022 Во текот на последните месеци, Канцеларијата за Европа на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) соработуваше со Министерството за информатичко општество и администрација за изработка на Национална проценка за заштита на децата на Интернет за Северна Македонија. Ова вклучува интервјуа со засегнатите страни заедно со онлајн анкета која ги разгледува ставовите и искуствата на децата и родителите. Врз основа на овие докази и заклучоци, Извештајот дава препораки за напредок во заштитата на децата од Северна Македонија на Интернет. Како клучен чинител за да се осигура безбедноста на децата на интернет, се одржа „Настанот за подигање на свеста и засегнатите страни за заштита на децата на Интернет“ организиран и поддржан од Министерството за информатичко општество и администрација, како и Министерството за образование и ITU Канцеларија за Европа. |
![]() Тирана, 07.07.2022 г.
Претставници на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) од Република Северна Македонија учествуваа на дводневната конференција насловена „Воспоставување добро владеење за управување со квалитет во јавната администрација“ организирана во соработка со Министерството за стандарди и услугите на Албанија,РеСПА и СИГМА/ОЕЦД, како и под покровителство на албанскиот премиер, ја покажа важноста на вештините на јавната администрација и јавните услуги како инструменти за управување со квалитетот, што се одржа во Тирана, Република Албанија.
|
![]() Тирана, 07.07.2022 г.
Претставници на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) од Република Северна Македонија учествуваа на дводневната конференција насловена „Воспоставување добро владеење за управување со квалитет во јавната администрација“ организирана во соработка со Министерството за стандарди и услугите на Албанија,РеСПА и СИГМА/ОЕЦД, како и под покровителство на албанскиот премиер, ја покажа важноста на вештините на јавната администрација и јавните услуги како инструменти за управување со квалитетот, што се одржа во Тирана, Република Албанија. |
![]() Скопје, 07 јули 2022 Од најмалите села до најголемите нации, владите бараат модерни решенија за управување со документи, автоматизирани работни текови и ефикасност во нивните процеси. МИОА водена од својата стратегија за дигитално by default со human-centric пристап, организираше работилница каде беа поканети сите институции корисници на постоечкиот ДМС. Во соработка со UNDP, работилницата имаше за цел за ко-дизајн на новото ДМС решение од аспект на улогите на самите корисници. МИОА со новото решение на ДМС ќе овозможи да се работи во paperless процес т.е. канцеларија без хартија кој и претставува прв чекор кон потполна дигитализација на владините институции. |
![]() Охрид, 4 и 5 јули 2022 МИОА ја одржува втората работилница за ,,Евалуација на реформата на јавната администрација 2018 – 2022 и препораки за новата Стратегија и акцискиот план", со поддршка на РеСПА. |
![]() Баку, 01 јули 2022 Меѓу интензивните активности за време на работниот престој во Баку, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити го посети и ASAN Mobile Service, каде одблиску се запозна со начинот на работа и услугите што ги нуди овој центар.
|
![]() Баку, 30.06.2022 г.
Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Адмирим Алити, при неговиот престој во Баку, Азербејџан, го посети Центарот за развој на „Е-Влада“ и се сретна со директорот на овој центар, г-дин Фариз Т. Јафаров. |