Објавено на Министерство за информатичко општество и администрација (https://www.mioa.gov.mk)

Почетна > Работен состанок за Националниот план за управување со квалитет 2023-2025

Работен состанок за Националниот план за управување со квалитет 2023-2025 [1]

Скопје, 29 ноември 2022

Подготовката на Националниот план за управување со квалитет во јавниот сектор 2023-2025 година, беше тема на денешниот работен состанок меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и Ајтуг Гоксе, претставник на Светскиот економски форум (WEF).

Министерот Алити искажа благодарност за коректната и плодна соработка во процесот на подготовка на овој документ, истовремено разгледувајќи ги идните можности за продлабочување на соработката, што ќе овозможи развој на стратегии, дигитални трансформации и подобро владеење.

Се разговараше и за создавањето на екосистем и иновативни центри, преку технолошките компоненти, како и нивното значење во создавањето врски меѓу владите, бизнисите, академиите и граѓаните. Соговорниците се договорија да останат во постојана комуникација со цел преземање на следните чекори на соработка.

 


Хиперврски:
[1] https://www.mioa.gov.mk/?q=mk/node/4441