Објавено на Министерство за информатичко општество и администрација (https://www.mioa.gov.mk)

Почетна > Министерот Алити на свечен прием кај амбасадорот на Република Албанија

Министерот Алити на свечен прием кај амбасадорот на Република Албанија [1]

Скопје, 29 ноември 2022

На покана на амбасадорот на Република Албанија, Н.Е. Фатос Река, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити присуствуваше на свечениот прием по повод 28 ноември - Денот на независноста на Албанија.

,,Како министер Албанец во Северна Македонија, горд сум што со Албанија, покрај братските односи, имаме лојално партнерство и одлична соработка. Нашата интеракција, освен што ги прави среќни нашите граѓани, обезбедува и нови можности, стабилност, развој и постигнување на целите за двете држави“, порача министерот Алити.

 


Хиперврски:
[1] https://www.mioa.gov.mk/?q=mk/node/4439