Објавено на Министерство за информатичко општество и администрација (https://www.mioa.gov.mk)

Почетна > МИОА: Штедејќи електрична енергија си помагаме себеси и на нашата држава

МИОА: Штедејќи електрична енергија си помагаме себеси и на нашата држава [1]

Скопје, 28 ноември 2022

Министерството за информатичко општество и администрација активно се приклучи кон мерките за заштеда на електрична енергија за добробит на граѓаните и воопшто на целата држава.

Во месец октомври, МИОА има направено заштеда од 55 % на електрична енергија и тој тренд сигурни сме дека ќе продолжи.

Тоа ни го покажува заложбата на сите вработени во министерството, кои се согласни дека ова е единствениот начин за да се помине зимскиот период.

Затоа, апелираме на солидарност и на штедење на електрична енергија без исклучок.

Свесни сме дека на овој начин ќе придонесеме за полесно остварување на стабилен енергетски систем.

Со заштедата на електричната енергија си помагаме себеси и на државата.

Само со заеднички заложби и активна посветеност, ќе имаме стабилен енергетски систем.


Хиперврски:
[1] https://www.mioa.gov.mk/?q=mk/node/4427