Објавено на Министерство за информатичко општество и администрација (https://www.mioa.gov.mk)

Почетна > Министерот Алити беше панелист на маргините на конференцијата „Првите чекори кон државната реорганизација“

Министерот Алити беше панелист на маргините на конференцијата „Првите чекори кон државната реорганизација“ [1]

Скопје, 17 ноември 2022

На маргините на конференцијата „Првите чекори кон државната реорганизација“, министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство - Љупчо Николовски и Штефен Худолин - виш претставник на Делегацијата на ЕУ во Скопје, беа дел од панелот за дискусија.

,,Додека сме во пилот фаза на овој процес, каде што заедно со Министерството за економија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, сме главните институции во спроведувањето на пилот-проектот, разговаравме за начинот на спроведување за успешна имплементација, како и за тешкотиите на оваа фаза.


Без реорганизација нема реформа и за спроведување на реформите потребна е целосна посветеност и објективност од сите институции и заинтересирани страни, со цел усогласување, промена и создавање попродуктивен, транспарентен и поефикасен систем на институции, што ќе им овозможи на граѓаните да веруваат во институционалниот интегритет и да си го олеснат животот”, рече меѓу другото министерот Алити, кој на крај им се заблагодари на Делегацијата на ЕУ за поддршката:

“Со посебен акцент и се заблагодарив на Делегацијата на ЕУ за поддршката во реализацијата на овој проект, но и на сите експерти, институции и организации вклучени во реализацијата на овој проект, кој ќе донесе можности за граѓаните и ќе ги отвори вратите за интеграција на земјата во ЕУ”.


Хиперврски:
[1] https://www.mioa.gov.mk/?q=mk/node/4417