Министерот Алити присуствуваше на состанокот на Економско-социјалниот совет [1]

Скопје, 4 ноември 2022
Денеска се одржа состанок на Економско-социјалниот совет, каде што присуствуваше министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, заедно со Заменик премиерот за економски прашања - Фатмир Битиќи, министерот за финансии - Фатмир Бесими и министерката за труд и социјална политика - Јованка Тренчевска.
На оваа средба, министерот Алити, ги информираше членовите на Советот за последните измени на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници, и одговараше на сите прашања кои беа од интерес на Советот за овие два закони.

Министерот Алити нагласи дека овие закони предвидуваат одредби за обезбедување ефикасна и ефективна администрација која ќе ги задоволува професионалните стандарди и ќе биде што поблиска до граѓаните.
“ Зголемувањето на платите за вработените во Министерството, што е предвидено во овој закон, го оправдав со тоа што тие се креатори на политиките и главни носители на скрининг-процесот.
Се согласивме со заклучокот дека МИОА за секој закон од економска и социјална природа ќе го испрати до овој Совет на консултација и мислење.
Со ова уште еднаш како МИОА докажавме дека сме отворени за сите заинтересирани во служба на благосостојбата на граѓаните и институциите.”, рече помеѓу другото министерот Алити.