Министерот Алити се сретна со Поглаварот на ИВЗ Шаќир Фетаи [1]

Скопје, 27 октомври 2022
Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити денеска одржа конструктивна средба со поглаварот на Исламската верска заедница реис-ул-улема Шаќир Фетаи.
,,Укажувајќи на важноста на оваа институција во заштитата и негувањето на моралните и општествените вредности, како и во претставувањето на граѓаните од исламска вероисповед, истакнав дека МИОА е целосно подготвено да ја поддржи оваа институција и секоја друга институција која делува за благосостојбата на граѓаните“, истакна министерот Алити.
Заблагодарувајќи му се на Поглаварот на ИВЗ за срдечниот прием, министерот Алити информира дека на средбата е договорено да останат во постојана комуникација за можни соработки.