Објавено на Министерство за информатичко општество и администрација (https://www.mioa.gov.mk)

Почетна > Работен состанок и со шефот на канцеларијата на ITU за Европа

Работен состанок и со шефот на канцеларијата на ITU за Европа [1]

Букурешт, 30 септември 2022

За време на престојот во Букурешт, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити имаше чест да се сретне и со Јарослав Пондер – шеф на канцеларијата на ITU за Европа, со кого разговараше за досегашната успешна соработка и проектите што ќе следат во наредниот период, поврзани со оваа соработка.

Меѓу темите на разговор беше и актуелната Конференција на ITU која се одвива во одличен формат, како настан кој ја одредува идната судбина на земјите-членки на Унијата во контекст на развојот на информациско-комуникациските технологии(ИКТ).

Алити и Пондер се согласија дека идните конструктивни состаноци и понатаму ќе продолжат да ги дефинираат чекорите и приоритетите во однос на технолошката трансформација.


Хиперврски:
[1] https://www.mioa.gov.mk/?q=mk/node/4313