Министерот Алити присуствува на првото издание на Академската конференција на дијаспората за ИКТ [1]

Приштина, 09 август 2022
Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Адмирим Алити, присуствуваше на првото издание на Академската конференција на дијаспората за ИКТ (Информатички и комуникациски технологии), која се одржува во Косово, каде соучесници беа г. Насер Сахити - Ректор на Универзитетот во Приштина, г. Едмонд Хајризи-Ректор на Универзитетот за бизнис и технологија (УБТ), г. Самедин Крабај-Ректор на Универзитетот во Призрен, г. Едона Малоку Бердина - заменик Министерката за образование, наука, технологија и иновации на Република Косово, г. Лиза Гаши - заменик Министерот за надворешни работи и дијаспора во Република Косово, проф. Анита Миријамдотер- координатор на проектот, г. Миранда Кајтази - претставник на дијаспората, како и многу професори и институционални претставници од регионот и на меѓународно ниво.


Оваа конференција претставува платформа која има за цел да ги обедини истражувачите од академската заедница од областа на ИКТ, да ги разменат своите идеи и искуства како и нивното ангажирање во истражувачки активности.