Објавено на Министерство за информатичко општество и администрација (https://www.mioa.gov.mk)

Почетна > Проектoт за дигитална идентификација, кон имплементација

Проектoт за дигитална идентификација, кон имплементација [1]

Скопје, 30 септември 2021

По завршувањето на сите технички усогласувања, денес со МастерКард (MasterCard) се договоривме да се заврши интеграцијата во порталот за е-услуги во најкус можен рок. Со ова, 150.000 граѓани ќе може да отвораат дигитален идентитет на порталот за е-услуги, кој е целосно сертифициран за електронска идентификација на високо ниво.

Дополнително, МастерКард (MasterCard) ќе донира 12.000 квалификувани електронски потписи за раководни лица во 4 институции корисници на ДМС системот и неограничен број на напредни елетронски потписи за административните службеници во тие институции. Со ова, покрај граѓаните и административните службеници ќе можат да имат бенефит од користењето на услугата за дигитална идентификација од МастерКард (MasterCard).


Хиперврски:
[1] https://www.mioa.gov.mk/?q=mk/node/3656