Објавено на Министерство за информатичко општество и администрација (https://www.mioa.gov.mk)

Почетна > Министерот Шаќири ќе се обрати на онлајн Регионален форум за иновации на ITU за Европа

Министерот Шаќири ќе се обрати на онлајн Регионален форум за иновации на ITU за Европа [1]

На 22 и 23 септември ќе се одржи онлајн Регионален форум за иновации на Mеѓународната Унија за Телекомуникации(ITU) за Европа, на кој воведно обраќање ќе има Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

Министерот Шаќири ќе ги поздрави учесниците на овој настан, кој ќе започне во 9.30 часот и на едно место ќе ги собере претприемачите и владините претставници од цела Европа, за да разговараат за иновативните дигитални екосистеми кои ја забрзуваат дигиталната трансформација во клучните сектори.
 
Дводневниот виртуелен настан го организира Канцеларијата на ITU за Европа, а е поддржан од Министерството за информатичко општество и администрација.

Форумот има за цел да ја поттикне инклузивноста и конструктивноста и обезбедува платформа за практичен дијалог помеѓу клучните чинители.

Развојот на дигиталното општество е еден од приоритетите на Министерството за информатичко општество и администрација и на Владата на Република Северна Македонија и се наоѓа високо на агендата за реализација. Активно работиме на поттикнување на дигиталната иновација.

 


Хиперврски:
[1] https://www.mioa.gov.mk/?q=mk/node/3615