Најава: Отворање на канцеларија ,, Една точка за услуги” во Битола [1]
Почитувани,
Ве известуваме дека на 17.06.2021 година, четврток, Министерот за информатичко општество иадминистрација Јетон Шаќири заедно со градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска ќе присуствуваат на отворањето на центарот за јавни услуги -“Една точка за услуги” во Битола. По отворањето следат изјави за медиуми.
Изјавите ќе бидат во 11:00 часот на локација “Безистен” – Битола.