Плодна и конструктивна средба со италијанскиот амбасадор во Република Северна Македонија, Н. Е. Андреа Силвестри [1]

Скопје, 19.05.2021
Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска во просториите на Министерството се сретна со амбасадорот на Република Италија во земјата, Н.Е. Андреа Силвестри.
Министерот Шаќири го запозна амбасадорот Силвестри со трите главни столба на МИОА: дигитализација, реформа на јавната администрација и создавање клима за слободни и независни медиуми.
„За време на разговорот, го информирав амбасадорот за процесот направен во овие три области и за тоа што планираме да сториме до крајот на овој мандат“, рече министерот Шаќири.
Амбасадорот Силвестри ја поздрави завршената работа и истовремено сподели слични искуства на италијанската држава во овие области.