Објавено на Министерство за информатичко општество и администрација (https://www.mioa.gov.mk)

Почетна > Одржан првиот состанок на работната група за изработка на нов Закон за организација на органите на државна управа

Одржан првиот состанок на работната група за изработка на нов Закон за организација на органите на државна управа [1]

Скопје, 2 март 2021

Во рамки на активностите за реорганизација и оптимизација на институциите, денеска се одржа првиот состанок на работната група за изработка на нов Закон за организација на органите на државна управа.

На состанокот учествуваа министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, водач на овој проект, Слаѓана Тасева, претставници од релевантни институции, граѓански сектори и политички партии.

Истакнувајќи дека МИОА  е секогаш отворено за соработка, министерот Шаќири го поздрави започнувањето на овој процес, со кој на транспарентен начин ќе се дојде до крајната цел: модернизирање на администрацијата која ќе биде ефикасна и професионална.

На денешниот состанок беше утврдена динамиката на активностите во однос на подготовката на новиот закон, при што учесниците имаа можност да го разгледаат предлог акцискиот план и првиот нацрт на Законот, како и да разменат мислења во таа насока. Воедно, беа договорени наредните чекори за спроведување на целиот процес, во кој Министерството за информатичко општество и администрација е водечка институција.

На крајот на овој процес ќе имаме 16 министерства кои ќе креираат политики, како и агенции во рамките на министерствата кои ќе ги имплементират политиките и инспекторати кои ќе вршат инспекциски надзор.

Овие активности се дел од ИПА проектот “Поддршка за реорганизација на јавната администрација”, кој започна во ноември 2019та година, а во рамките на кој беше спроведена и функционална анализа на институциите.

 


Хиперврски:
[1] https://www.mioa.gov.mk/?q=mk/node/3255