Работен состанок на министерот за информатичко општество и администрација со постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакјан [1]

Скопје, 15 октомври 2020
Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска ја прими постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакјан.
На работниот состанок се разговараше за тековните и идни активности кои УНДП ги има во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација.
Досегашната соработка беше оценета како успешна и ќе продолжи и во наредниот период.


Министерство за информатичко општество и администрација