Објавено на Министерство за информатичко општество и администрација (https://www.mioa.gov.mk)

Почетна > Започна процесот на преговори за грански колективен договор

Започна процесот на преговори за грански колективен договор [1]

Скопје, 29 август 2018 год.

Во Министерството за информатичко општество и администрација, се одржа работна средба меѓу министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерката за правда Рената Дескоска, министерот за финансии Драган Тевдовски, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и претставници на Синдикатот на УПОЗ.

Со овој состанок и официјално започнаа преговорите за потпишување на Колективниот договор за вработените во администрацијата, правосудните органи и другите вработени во администрацијата.МИОА и Синдикатот на УПОЗ се во постојана комуникација за потпишување на Грански Колективен договор.

На одржаната работна средба со претставниците на Владата на Р. Македонија се утврди динамиката по која работните групи од двете страни ќе ги усогласуваат евентуалните разлики во Предлог текстот на Колективниот договор. 
Колективниот договор ќе биде прв грански Колективен договор за административните службеници и правосудните органи после 1995 година.

 

Министерство за информатичко општество и администрација


Хиперврски:
[1] https://www.mioa.gov.mk/?q=mk/node/1975