Објавена работната верзија на Националната стратегија за сајбер безбедност [1]

Скопје, 11 јуни 2018 год.
Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи заеднички изготвија работна верзија на [2]Националната стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија. [2]
Ги повикуваме сите засегнати страни од јавниот сектор, приватниот сектор, академската заедница, граѓанските организации и граѓаните да испратат свои предлози, препораки и коментари на работната верзија на Националната стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија . Вашите коментари и предлози можете да ги доставите најдоцна до 22.06.2018 година на следниов e-mail: cyber_security@mioa.gov.mk [3]
Воедно, сакаме да ве поканиме на jавната расправа на тема: „Националната стратегија за сајбер безбедност“, која ќе се одржи во среда, 13.06.2018 во 10:00 часот, во Клубот на пратеници. На јавната расправа накратко ќе биде презетирана работната верзија на Националната стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија, а во дискусијата ќе учествуват министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Ги повикуваме сите засегнати страни од јавниот сектор, приватниот сектор, академската заедница, граѓанските организации и сите заинтересирани граѓани да го дадат својот придонес и да земат учество во јавната расправа.
Министерство за информатичко општество и администрација