Објавено на Министерство за информатичко општество и администрација (https://www.mioa.gov.mk)

Почетна > Објавена последната верзија на Предлог-Законот за именување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Објавена последната верзија на Предлог-Законот за именување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги [1]

Скопје, 15 февруари 2018 година

Министерството за информатичко општество и администрација ја објавува последната верзијата на Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Предлог-Законот е резултат на добиените коментари на Единствениот национален електронски регистер (ЕНЕР), каде претходната драфт верзија беше објавена на 04.11.2017, по што сите заинтересирани страни имаа можност од 26 дена да испраќаат свои коментари и предлози. Исто така, во објавената верзија на Законот, имплементирани се коментарите добиени од Европската Комисија и Канцеларијата на ОБСЕ.

Процесот за подготовка на Предлог-Закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, започна со првата јавна дискусија што се одржа на 14.07.2017.

На 20.11.2017 министерот Дамјан Манчевски, заедно со министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност ја одржаа втората јавна дискусија посветена на овој Закон.

Во изминатите неколку месеци, беа остварени голем број на средби и состаноци со сите заинтересирани страни и беа сослушани и разгледани мислењата на сите кои покажаа интерес да се вклучат во процесот на подготовка на Предлог-Законот.

Последната верзија што ја објавуваме пред да биде дел од владина процедура е резултат на заедничката работа на Владата и на претставниците на медиумската сфера во Македонија, со поддршка од Европската Комисија и ОБСЕ.

Во прилог: Предлог-Законот за именување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. [2]

Министерство за информатичко општество и администрација

 

 

 

 

 


Хиперврски:
[1] https://www.mioa.gov.mk/?q=mk/node/1581
[2] https://www.mioa.gov.mk/sites/default/files/pbl_files/documents/legislation/4_id_zaavmu_fev_018.pdf