Обуки за Проценка на влијание на регулативата [1]

Скопје, 13 февруари 2018 година
Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка со Центарот за управување со промени, во рамки на на проектот „Поддршка на процесот на реформи на јавната администрација“, организира четири фокус групи. Во групите активно беа вклучени вработени во министерствата кои непосредно работат на подготвување на предлози на закони и спроведување на Проценка на влијание на регулативата (ПВР) во министерствата и подготовка на Извештај за ПВР.
Во текот на работата на фокус групата се отвори дискусија за особеностите на процесот на планирање и спроведување на ПВР во министерствата, капацитетите за спроведување на анализите во рамки на процесот на ПВР, предизвиците во однос на процесот за ПВР, подготвување на Извештајот за ПВР и следните чекори за подобрување на квалитетот на процесот и анализите.
Како рамка за дискусиите послужија резултатите од Прашалникот за подобрување на квалитетот на ПВР. Учесниците имаа можност подетално да ги изразат своите ставови, мислења и предлози во однос на унапредување/поедноставување на процесот и квалитетот на ПВР.
Цел на оваа активност е поедноставување на Извештајот за ПВР и афирмација на придобивките од ПВР како и навремено планирање на обука наменета за вработените во министерствата.
Министерство за информатичко општество и администрација