Објавено на Министерство за информатичко општество и администрација (https://www.mioa.gov.mk)

Почетна > Министерот Манчевски дел од презентацијата на стартапи

Министерот Манчевски дел од презентацијата на стартапи [1]

Скопје, 11 ноември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска во 11:00 часот во просториите на Сеавус Инкубатор, ќе присуствува на вториот јавен „Инвестициски ден“. На настанот ќе се презентираат бизнис идеи од страна на стартап тимови кои поминаа низ пред-акцелераторската програма на инкубаторот.

На настанот, покрај министерот Манчевски, ќе присуствуваат домашни инвеститори, бизнис ангели, претставници на фондови на разичен капитал,технолошки развој и иновација.

Односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација

Дата: 

11.11.2017

Хиперврски:
[1] https://www.mioa.gov.mk/?q=mk/node/1333