Објавено на Министерство за информатичко општество и администрација (https://www.mioa.gov.mk)

Почетна > ИЗВЕСТУВАЊА

ИЗВЕСТУВАЊА [1]

ИЗВЕСТУВАЊЕ 10.06.2016 година

Во периодот од 14.06.2016 година до 12.07.2016 година, во просториите на Центарот за обуки на МИОА, ќе се спроведат обуки за користење на Модулот управување со учинок и Модулот извештаи, како компоненти на Информациониот Систем за Управување со Човечки Ресурси (ИСУЧР).

Поканите за учествува на обуката се испратени по електронски пат до сите институции и лица за кои постојат информации во ИСУЧР, т.е. до сите овластени лица од секоја институција и до контакт адреса на институциите.

Поради ограничен број на места за обуката, можно е учество само на еден претставник од секоја институција.

Присуството е можно само во закажаниот термин, и нема можност за менување на истиот. Обуката трае 1 (еден) час.

Трошоците за превоз до Центарот за обуки на МИОА ги обезбедува секоја институција за себе.

Агенда на обуката:

- Вовед за ИСУЧР
- Користење на модулот управување со учинок
- Користење на модулот извештаи
- Прашања и одговори

Распоредот со датум и време на присуство на институциите е во поставен овде [2].


Хиперврски:
[1] https://www.mioa.gov.mk/?q=mk/node/1314
[2] https://www.mioa.gov.mk/sites/default/files/pbl_files/documents/isucr/Raspored-institucii-obuka.xlsx