ИСУЧР (Информационен систем за управување со човечки ресурси)

Информациониот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР) има за цел да ја унапреди ефикасноста во управувањето со човечките ресурси, а со тоа и квалитетот на работата на институциите во јавниот сектор. Истовремено, Информациониот систем за управување со човечки ресурси ќе овозможи:

  • прецизен Регистар на вработени во јавниот сектор,
  • автоматизирање на процесите при управување со човечки ресурси,
  • подобрување на ефикасноста во работењето преку намалување на времето за обработка на податоците,
  • стататистички евиденции на ниво на институција и на ниво на јавен сектор,
  • поднесување точни, навремени и ажурирани информации за вработените,
  • намалување на трошоците поврзани со управување со вработените, изработка на платни списоци, планирање на развој на персоналот и напредување.

Дополнително, тој води персонална евиденција за вработените, пресметува плати и управува со учинокот. Информациониот систем за управување со човечките ресурси е организиран во четири главни модули, и тоа:

  • персонална евиденција,
  • управување со учинокот,
  • пресметка на плата и
  • извештаи.

Во рамките на овие модули, опфатени се процеси кои ќе управуваат со типовите на институции, организационата структура во институциите, работните места во институциите, персонална евиденција на вработените, пресметка на платата на вработените, мерење на учинокот на вработените, различни видови на пребарувања, креирање на извештаи и администрирање на системот. За да се исполнат рокови утврдени согласно членовите 18, 19 и 20 од Закон за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ 27/14 и 199/14), неопходно е обезбедување и започнување со внесување податоците од страна на институциите. Постапката за користење на системот е следната: 1. Институциите овластуваат лица за внесување во системот, преку доставување на пополнет формулар. за активирање, промена и деактивирање на корисници: овој формулар. - Формуларот се пополнува со задолжителните податоци, се потпишува и заведува од раководно лице на институцијата, се праќа до министерот за информатичко општество и администрација, а истиот мое да се скенира и да се прати до контакт адресата: hrmis@mioa.gov.mk - Новите корисници ќе добијат електронска порака од системот со корисничко име и корисничка лозинка за начин на пристапување до системот и начин на пријавување на проблеми. - За често поставувани прашања проверете на линкот ЧПП подолу. Контакт адреса за пријавување на проблеми и поставување на прашања:hrmis@mioa.gov.mk
Заклучоци од Влада на Република Македонија: Заклучок од 85-тата Седница на Владата на Република Македонија, одржана на 07.07.2015 година.

За дополнителни појаснувања, обратете се во Центарот за техничка поддршка за системот за управување на човечки ресурси на:
Телефон: 02 3248 074
Е-пошта: hrmis@mioa.gov.mk

ИЗВЕСТУВАЊА

Често поставувани прашања (ЧПП)

ТРАНСФЕР ЛИСТА

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони