Алити: Со центрите за дијаспора ќе се поврзат нашите сонародници во странство во остварување на нивните права и потреби

Скопје 12 јануари 2023

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити имаше воведно обраќање на работилницата во организација на Министерството за дијаспора во соработка со МИОА и Меѓународната организација за миграција (ИОМ-Скопје), за јакнење на капацитетите на сите вклучени учесници во проектот „Центар за дијаспора”.

Министерот Алити истакна дека овој проект, како особено значаен за нашите граѓани во дијаспората, овозможува поврзување на нашите сонародници во странство со институциите во матичната држава РСМ, со што ќе се обезбеди  остварување на нивните права и потреби.

,,Иницијативата за изградба на поврзувачки мост меѓу граѓаните во дијаспората и татковината, која недостасуваше долги години и потребата да се создаде ефикасна комуникација, како и ефективен и брз начин за пристап до нивните потреби, се мотивите од кои е поттикнат овој проект.  Дополнително, ценам дека со целите на проектот „Центар за дијаспора“ се зголеми грижата и благодарноста кон дијаспората што го претставува духот на реализација и успешноста на овој проект“, рече министерот Алити.

Воедно истакна дека тој како министер, но и Министерството за информатичко општество и администрација во целина, со најголемо задоволство изразуваат поддршка за оваа соработка, со сите расположливи капацитети и услуги, за да се донесат позитивни резултати и да се биде поблиску до граѓаните.

,,Потврдувам дека што се однесува до MИОА, услугите, платформите и дигиталните уреди, административната поддршка и обезбедувањето институционална помош, се секогаш подготвени за овој проект. Посакувам оваа иницијатива која што е во тек, да биде поддржана од многу други институции, бидејќи верувам дека придонесот на секоја институција претставува чекор повеќе во овој поврзувачки мост“.

Посакувајќи успешно одвивање на работилницата, министерот Алити изрази уверување дека со „Центрите за дијаспора“ ќе се обезбеди подобра благосостојба, отворајќи можности за поддршка, олеснување и забрзување на процедурите, услови за привлекување странски инвеститори, како развој и интеракција со деловните заедници во Северна Македонија.

 

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони