Предлог - Законот за системот на плати во јавниот сектор, објавен на ЕНЕР

Како резултат на отсуството на унифициран систем за плати, владее вистински хаос во однос на платите во јавниот сектор, за кој следи регулирање преку голем број закони и колективни договори.

Министерството за информатичко општество и администрација го презентира Предлог - Законот за системот на плати во јавниот сектор, кој може да го најдете објавен на ЕНЕР заедно со Нацрт-извештајот за оценка на влијанието на регулативата, со кој за прв пат во Северна Македонија се прават обиди да се надминат овие проблеми, да се елиминираат разликите во платите во институциите од ист тип, како и да се воспостави ред во системот на плаќања.

Овој предлог закон, креиран со поддршка на СИГМА и во соработка со Министерството за финансии, Министерството за труд и социјална политика и Генералниот секретаријат на Владата на РСМ, има за цел еднаквост и го носи основниот принцип на „еднаква плата за работа со еднаква вредност“ , односно обезбедува еднаквост и еднаква евалуација за секое работно место во јавниот сектор.

Според тоа, овој закон ќе ги опфати сите 1.346 јавни институции со околу 132.088 вработени кои се вклучени во Законот за вработени во јавниот сектор.

Со оваа иницијатива ќе се воспостави правило каде систематски ќе се врши зголемување на платите и ќе има јасна поврзаност со економско-финансискиот систем. Вреди да се напомене дека Методологијата што ќе биде изготвена за платите, има должност консултативно да ги вклучи уставните права за колективните договори, каде посебен акцент ќе биде ставен на буџетската и финансиската стабилност.

Ова е уште еден чекор кон регулација и реформа на јавниот сектор со што ќе се овозможи платата како чувствителен фактор во работниот процес да се регулира со закон и да не се создава простор за различни барања и интереси. Ова, исто така јасно ветува подобрување на животниот стандард и достоинството на работниците во јавниот сектор.

https://ener.gov.mk/...

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони