Алити: Спортот ги обединува етникумите, религиите и сите заедници под заеднички емоции
Скопје, 28 декември 2022
Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити вчера учествуваше на настан организиран од Агенцијата за млади и спорт, кадешто беа доделени награди и признанија за спортистите на годината.
Честитајќи им на спортистите коишто беа наградени, министерот Алити истакна дека спортот останува една од најмоќните сфери на претставување на една држава и притоа ги обединува етникумите, религиите и сите заедници под заеднички емоции.