Покана за учество на бесплатна онлајн основна обука за административни службеници на тема „Сајбер хигиена“
Министерството за информатичко општество и администрација на Република Северна Македонија, во соработка со Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор – ДЦАФ (DCAF Geneva Center for Security Sector Governance), во периодот декември 2022 – март 2024 година, за македонската јавна администрација, организира и ве поканува да учествувате на бесплатна онлајн основна обука за административни службеници на тема „Сајбер хигиена“.
Во национален контекст, оваа обука е во функција на заокружување на клучните цели од Националната стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија 2018 – 2022 и во функција на остварување на клучните цели проектирани во Националната стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2023 – 2027.
Обуката е подготвена од страна на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор – ДЦАФ со опфат на администрациите во сите земји од Западен Блакан, а во рамки на проектот „Добро управување со сајбер безбедноста во Западен Балкан“.
Целите на обуката се подигнување на свеста во администрацијата за предизвиците од Сајбер заканите, нивно препознавање и можности за заштита преку практикување на основни вештини и алатки за Сајбер заштита.
Курикулумот на обуката е со интерактивен пристап и можете да ја следите на шест јазици и тоа, на англиски јазик, на македонски јазик, на албански јазик, на црногорски јазик, на српски јазик и на босански јазик.
Заради ваше подетално информирање и полесно следење на обуката, ви ставаме на располагање два прирачника во PDF формат на македонски јазик, на албански јазик и на англиски јазик, и тоа:
- Прирачник за сајбер закани: идентификација и борба против ризиците за корисниците во јавниот и приватниот сектор и граѓаните
- Прирачник за безбедност на интернет: сајбер хигиена за јавни институции и мали и средни претпријатија
Обуката можете да ја следите во текот на работното време и од работното место, но и во рамки на вашето приватно време, доколку е тоа ваша лична одлука!
За да можете да се вклучите во обуката, пристапете кон истата на линкот подолу, одберете јазик на кој ви одговара за да ја следите и регистрирајте се (Sing Up):
https://www.dcaf.ch/cyber-hygiene-course-civil-servants
Ви посакуваме успешна обука и професионална и лична полза во доменот на сајбер безбедноста!