Министерот Алити се сретна со претставниците на Здруженијата на глуви и наглуви
Скопје, 28 ноември 2022
Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити денеска се сретна со претставниците на Младинско здружение на глуви и наглуви - ,,Млад знак“, од МОФ(Младински образовен форум) и со претставник од средното училиште ДУЦОР „Партенија Зографски“ со кои разговараше за нивните предизвици и проблеми.
Министерот Алити со внимание ги слушна проблемите што ги мачат овие граѓани и им го отежнуваат секојдневието.
Тој, вети дека ќе ги преземеме сите мерки кои овозможуваат комуникација преку знаковен јазик и во оваа насока ќе се испитаат сите можности да се понудат дигитални услуги на знаковен јазик.
Воедно, Алити и преставниците на овие Здруженија се договорија дека следниот чекор за соработка предвидува посета на центарот „Една точка за услуги“ во Скопје, со цел јасно да се утврдат недостатоците и потребите во подобрување и унапредување на услугите во знаковниот јазик.