Министерот Алити на Самитот за Западен Балкан 2022 во Приштина
Приштина, 25 октомври 2022
Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити учествува на Самитот за Западен Балкан 2022 година: Градење мостови за мир, просперитет и солидарност, во организација на ,,Економист“ и со поддршка на Владата на Косово, што се одржува во Приштина.
Овој самит има важна улога во справувањето со предизвиците и можностите за дигитална трансформација, особено затоа што на едно место собра лидери, официјални претставници и бизнисмени од регионот, Европа, САД, меѓународни институции, деловни и финансиски лидери, академски кругови.
Тие ќе го споделат своето знаење и идеи, овозможувајќи раст, стабилност и соработка во економијата и во многу други сегменти во регионот и пошироко.