Заменикот министер Бајдевски престојува во студиска посета на Шпанија

Барселона, 25 октомври 2022
 
Заменикот министер за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски заедно со делегација од  МИОА, престојува во студиска посета на Шпанија, во рамки на која се предвидени многубројни активости во насока на размена на знаења и искуства во однос на прашања поврзани со јавната администрација.
 
Денеска во Барселона, во Школата за јавна администрација на Каталонија, заменикот министер Бајдевски го претстави системот на јавна администрација на Република Северна Македонија.  Со свои обраќања учествуваа и високи претставници од Секторите за јавна администрација од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.


 
Оваа студиска посета е во организација на Регионалната школа за јавна администрација(РеСпа) а меѓу темите за коишто ќе се дискутира се: рамка за компетенции, развојот на иновации во јавната администрација, колаборативни анализи, управување со човечки ресурси итн.
 
Студиската посета ќе продолжи во Мадрид, во Националниот институт за јавна администрација.
 
Активностите се во насока на остварување на приоритетната наша заложба, а тоа е модернизирање на администрацијата во служба на граѓаните.
 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони