Министерот Алити се сретна со неговиот колега од Романија, во рамки на конференцијата на ITU

Букурешт, 30 септември 2022

Меѓу активностите на министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити во Букурешт, беше и средбата со Себастијан Јоан Бурдуја - министер за дигитализација, иновации и истражување во Романија и воедно член на Парламентот на Романија.

На оваа средба, која се одржа во рамките на Конференцијата на ITU (Меѓународната телекомуникациска унија), министерот беше придружуван од г. Габриел Атанасов - Амбасадор на Северна Македонија во Букурешт и г. Јетон Акику - директор на Агенцијата за електронски комуникации.

На средбата се разговараше за актуелните состојби и проекти од областа на дигитализацијата и технолошките иновации, при што министерот информираше за посветеноста на МИОА во унапредувањето на дигиталните услуги, кои помагаат во ефикасноста на работата на институциите и истовремено обезбедуваат квалитет на услугите кон граѓаните.

Исто така, министерот Алити ги истакна напорите на Владата на Северна Македонија на патот кон евроинтеграциите и процесите што започнаа во насока на реформите, како клучен фактор што го отвора патот за постигнување на оваа цел.

Министерот Алити му се заблагодари на својот романски колега за конструктивната средба и договорена е постојана комуникација за утврдување на областите и можностите за соработка во иднина.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони