Министерот Алити се сретна со амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја
Скопје, 24 август 2022
Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Адмирим Алити, денеска се сретна со амбасадорот на Република Косово во Скопје, неговата екселенција, г. Флоријан Ќехаја.
Алити и Ќехаја, ги потврдија добрососедските односи и важноста од взаемна поддршка на двете земји, а ја продолжија дискусијата за актуелните состојби и предизвици, како и за идните планови и проекти кои ги продлабочуваат односите меѓу двете земји.
На средбата, Алити го информираше за одговорностите и должностите на МИОА, а особено за проектите од областа на дигитализацијата, кои претставуваат напори за ефикасност и професионалност на јавната администрација, која го олеснува животот на граѓаните и институциите.
Алити и Ќехаја се согласија да се сретнат и понатаму за да ставаат простор за конкретна соработка.