МИОА води со процесот на членството на Република Северна Македонија во програмата DIGITAL
Скопје, 3 август 2022
 
На денешната седница, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за пристапување на Република Северна Македонија кон програмата Дигитална Европа - Digital Europe (DIGITAL), подготвена од Министерството за информатичко општество и администрација.
 
Програмата DIGITAL, претставува нова програма на Европската Унија насочена кон приближување на дигиталните технологии кон бизнисите, граѓаните и јавната администрација, како клучни чекори кон унапредување на живеењето и работењето, особено кога пандемијата со КОВИД-19 ни покажа колку е важен развојот и познавањето на технологијата, како и колку е важно Европа да не зависи од системи и решенија кои доаѓаат од други региони во светот.
 
Програмата DIGITAL обезбедува стратешко финансирање поддржувајќи проекти во пет клучни области на капацитет:
• суперкомпјутери,
• вештачка интелигенција,
• сајбер безбедност,
• напредни дигитални вештини и
• обезбедување широка употреба на дигитални технологии низ економијата и општеството, вклучително и преку Дигиталните Иновациски Хабови.
 
 
Целта е да го забрза економското закрепнување и да ја обликува дигиталната трансформација на европското општество и економија, носејќи придобивки за сите, особено за малите и средни претпријатија.
 
Членки во програмата се сите ЕУ- земји, дополнително, членки се и сите земји од Европската Економска Заедница, а постои можност и за покажување интерес и членство и на земји кандидати, како и на земјите од програмите за добрососедство.
Со усвојување на оваа информација, Владата го започнува процесот на преговори со Европската комисија за учество во програмата DIGITAL.
 
Ова ќе обезбеди можности за финансирање на проектите кај сите компании, институции и граѓански организации кои ќе аплицираат со проекти за дигитализација на повиците во рамки на програмата.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони