Јавна расправа за предлог- закон за Централен регистар на население

Скопје, 27 јули 2022

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити денеска учествуваше на јавната расправа за измени на Законот за Централен регистар на население.

Како што истакна министерот, благодарение на силните напори за дигитализирање на земјата, развој на информатичкото општество и зголемување на ефикасноста на јавната администрација, развојот на системот за Централен регистар на население е една од клучните реализирани активности од Стратегијата за реформи во јавната администрација 2018-2022 година.

,,Со формирањето на Системот за Централен регистар на население, граѓаните се информираат за податоците што ги имаат во институциите, кој пристапил до нив, кога и врз основа на кои законски прописи. Така што на овој начин ја поддржуваме дигитализацијата и истовремено активно бараме почитување на усвоените закони“, рече министерот Алити.

Тој додаде дека оваа дебата претставува можност за размена на идеи и предлози, согледување на гледиштата за евентуални промени кои ќе донесат подобрување на овој систем, па затоа ваквите дебати, кои се плодни во преземањето прогресивни чекори, ќе бидат почести.

Втората јавна расправа ќе се одржи на 29.08.2022 во Клубот на пратеници. Заинтересираните граѓански организации, институции и компании може да пријават учество на следните електронски адреси: marija.golabovska@mioa.gov.mk и slavica.davkovska@mioa.gov.mk

 

Прилог: Записник од одржаната јавна расправа

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони