Министерот Алити дел од денешниот историски настан во Брисел

Брисел 19 јули 2022

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити учествуваше на денешниот историски настан во Брисел, во седиштето на Европската Унија, како дел од владината делегација, на првата меѓувладина конференција со ЕУ што го отвора процесот за прием на Северна Македонија во Европската Унија.


Министерот истакна дека Северна Македонија со децении го чекаше овој историски ден, а по укинувањето на ветото на Бугарија, се овозможи да се започнат преговори за членство на земјата во ЕУ.


,,Во Европа, во ова демократско општество одиме обединети како стебло и мултикултурно општество кое ги негува вредностите на демократијата, правдата и благосостојбата. Утринава Урсула фон дер Лајен истакна дека нашата земја наскоро ќе започне преговори со ЕУ за ФРОНТЕКС и други договори кои би го олесниле животот на граѓаните на Северна Македонија. Нашата работа и цел како Влада на Република Северна Македонија е да им го олесниме животот на граѓаните и особено е важно што во ова време на економска криза имаме толку добри вести“, рече министерот Алити.


Министерот порача дека, како дел од Европската Унија, ние мора да работиме заедно за да обезбедиме мир, правда и благосостојба на сите граѓани, почитувајќи ги различностите по која било основа.

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони