Заменик министерот Бајдевски претседаваше со 10-от состанок на Секретаријатот за РЈА

Скопје, 13 јули 2022

Денеска се одржа десеттиот состанок на Секретаријатот за реформа на јавната администрација со којшто претседаваше заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски.

На состанокот беше разгледуван Четвртиот годишен извештај за 2021 година, за имплементација на Стратегијата за реформа на јавната администрација со Акциски план 2018 – 2022 година, по што учесниците имаа можност да отворат дискусија. Беше одржана и Презентација на наодите од евалуацијата на Стратегијата за РЈА (2018- 2022) заедно со клучните предизвици и препораки.

На денешниот состанок се разговараше и беше презентиран Опис на процесот и динамиката на подготвување на Стратегијата за РЈА (2023-2030).

Министерството за информатичко општество и администрација е институција координатор и надлежна за следење и спроведувањето на реформата на јавната администрација, која е стратешка цел и еден од приоритетите на Владата на Република Северна Македонија. Станува збор за континуиран процес кој води кон унапредување на административниот капацитет и подобри услуги за граѓаните на патот кон Европската Унија.

Членови на Секретаријатот за реформа на јавната администрација се и претставници на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Секретаријатот за законодавство, Генерален секретаријат, Секретаријат за европски прашања, Министерство за локална самоуправа, Министерство за финансии, Министерство за правда, Министерство за политички систем и односи помеѓу заедниците, Министерство за труд и социјална политика, Агенција за Администрација и ЗЕЛС.

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони