Алити-Савада : Искуствата од Јапонија ќе придонесат во процесите на дигитализација
Скопје, 23 јуни 2022
Можностите за соработка беа во фокусот на денешната работна средба меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и амбасадорот на Јапонија Н.Е. Хиронори Савада.
Министерот го запозна амбасадорот со тековните проекти на МИОА и идните активности за унапредување на работата на администрацијата и дигитализацијата.

,,Јапонија е традиционален пријател на Северна Македонија, а јапонските искуства во дигитализацијата и во другите области како една од најразвиените земји, се исклучително добредојдени“, истакна министерот Алити, заблагодарувајќи му се на амбасадорот.
Средбата помина во конструктивна атмосфера, при што беше изразена целосна поддршка за процесот на реформи на патот кон Европската Унија.
