Министерот Алити одржа говор во Светскиот Самит за Информатичко Општество
Женева, 02.06.2022 г.
Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, веќе неколку дена присуствува во Светскиот Самит за Информатичко Општество во Женева.

Во неговиот говор, тој информираше за проектите, плановите и нашиот фокус во полето на дигитализацијата на администрацијата.
Исто така, министерот Алити истакна дека земјите треба да се ангажираат повеќе за соработка и унапредувањето на инфраструктурата за ИТ.