Работна средба МИОА- Царинска управа

Скопје, 16 мај 2022

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити денеска оствари работна средба со директорката на Царинската управа Славица Кутиров и со заменик директорот Муарем Асани.

На средбата се разговараше за продлабочување на соработката која е оценета како успешна, како и за тековните состојби во однос на дигитализација на услугите и унапредување на нивната работа. Меѓу темите на коишто се осврнаа, беше Интероперабилноста, Централниот регистар и Националниот систем за управување со документи- ДМС.

Соговорниците ја истакнаа заложбата за градење на капацитети кои ќе доведат до ефикасно, транспарентно и отчетно работење. Активностите за соработка ќе се интензивираат и за таа цел ќе се формираат работни групи од двете страни.

Дигитализацијата како процес е многу важен, им носи бенефит на граѓаните и деловните субјекти и доведува до поголема ефикасност на администрацијата и поквалитетни услуги- беше констатирано на средбата.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони