Работна средба на министерот Адмирим Алити со шведската амбасадорка Н.Е. Кристин Форсгрен Бенгтсон

Скопје, 03 мај 2022

Денеска, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити оствари работна средба со амбасадорката на Кралството Шведска, Н.Е. Кристин Форсгрен Бенгтсон.

Министерот ја запозна амбасадорката со тековните проекти поврзани со реформата на јавната администрација и дигитализација, како и со клучните предизвици во таа насока, при што ја искажа силната заложба за засилување на ефикасноста и професионалноста на администрацијата.

Во фокусот на разговорите беше важноста од законските измени со коишто се регулира работата на администрацијата, зајакнување на јавните институции и процесот на реорганизација, за што амбасадорката на Кралството Шведска изрази силна поддршка.

Во однос на дигитализацијата, беше потенцирано дека тој процес е битен со цел транспарентно функционирање на институциите и подобри услуги за граѓаните. 

На работната средба се разговараше и за можностите за продлабочување на соработката која ќе продолжи и понатаму. Министерот Алити и се заблагодари на амбасадорката Форсгрен Бенгтсон за средбата, а воедно и за континуираната поддршка на Кралството Шведска на нашата земја.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони