Заменик министерот Александар Бајдевски учествуваше на работен состанок во АЕК, посветен на можностите за намалување на роамингот со Бугарија
Скопје, 28 април 2022
Можностите за намалување на цените за роаминг-услугите помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, беа тема на денешниот работен состанок на којшто учествуваше заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и Дилјан Берковски, заменик министер за транспорт и комуникации на Бугарија.
На состанокот, кој се одржа во просториите на Агенцијата за електронски комуникации, учествуваа и директорот на АЕК Јетон Акику, како и експерти и високи претставници од двете земји.
Соговорниците разговараа за идните планови и активности, при што се согласија дека намалувањето на цените во роамингот ќе биде во корист на двете земји и ќе донесе бенефит кај граѓаните и бизнисите.