Министерот Алити се сретна со новата директорка на РеСПА(Регионална школа за јавна администрација)

Скопје, 27 април 2022

Тековните и идните активности на МИОА во однос на реформата на јавната администрација и дигитализација, како и останатите реформски процеси на патот кон ЕУ.

Ова беше во фокусот на денешната работна средба меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и новата директорка на РеСПА Маја Ханџиска Трендафилова.

Беше констатирано дека реформските процеси се одвиваат во вистинска насока, при што од страна на директорката на РеСпа беше посочено дека силната поддршка ќе продолжи и во наредниот период.

РеСПА е меѓународна организација создадена на иницијатива на Европската унија и земјите од Западен Балкан. Во нејзината работа е содржано поттикнување и зајакнување на регионалната соработка помеѓу земјите-членки во областа на јавната администрација, управување со човечките ресурси и реформа на државните служби.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони