Работен состанок со висока претставничка на Европската радиодифузна унија
Скопје, 27 април 2022
Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити денеска оствари работен состанок со Радка Бетчева, раководител за односи со членки и комуникации за Источна Европа, во Дирекцијата при ЕБУ(Европска радиодифузна унија).
На состанокот се разговараше за реорганизација на администрацијата, состојбите со јавниот медиумски сервис МРТВ, предизвиците поврзани со реорганизацијата на администрацијата, како и за потребата од измена на законите и идните планови во овој контекст.
Министерот Алити и се заблагодари на Бетчева за посетата и за подготвеноста да помогне во овој процес. Комуникацијата и понатаму ќе се одржува на редовно ниво, се согласија соговорниците.