Министерот Алити присуствуваше на примопредавањето на ректорската функција на Универзитетот ,,Мајка Тереза“
Скопје, 26 април 2022
Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити денеска присуствуваше на свеченото примопредавање на ректорската функција на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.
Министерот Алити во име на Владата му се заблагодари на досегашниот ректор д-р Азис Положани за неговото работење од основањето на Универзитетот до денес, а воедно, му посака голем успех на новиот ректор, академик Изет Зеќири. Притоа ја истакна поддршката за Универзитетот, меѓу другото и во однос на квалитетот на образованието како и унапредувањето на капацитетите за научни истражувања.
,,Ние како Влада, сме партнери на Универзитетот ,,Мајка Тереза “ во постигнувањето на овие цели“, истакна министерот Алити.