Работен состанок со претставници на компанијата SAP

Скопје 20 април 2022

На денешниот работен состанок меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и претставници на компанијата SAP, се разговараше за можностите за соработка на полето на дигитализацијата.

На состанокот беше истакната значајната улога на дигиталната трансформација, меѓу другото и во однос на унапредувањето на работата на администрацијата. Во таа насока, од страна на компанијата беа презентирани продукти, модули и услуги поврзани со дигитализацијата. Соговорниците се согласија дека користењето на дигиталните алатки и платформи водат кон зголемување на ефикасноста и ефективноста на услугите кон граѓаните.

Воедно, министерот Алити ја повтори силната заложба за професионална администрација, поддржана од интензивна дигитализација, оптимална структура и иновативни процеси и техники.

Заклучок од овој состанок е дека комуникацијата ќе продолжи во иднина, преку конкретни идеи и активности.

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони