Министерот Алити дел од Регионалниот форум за одржлив развој 2022 за регионот УНЕЦЕ(Економска комисија на ОН за Европа)
Скопје, 06 април 2022
„Забрзување на дигиталниот развој преку партнерства со повеќе чинители“-беше насловот на тркалезната маса на високо ниво, на којашто учествуваше министерот Адмирим Алити. Настанот беше организиран од Групата на ОН за дигитална трансформација за Европа и Централна Азија, координирана од ITU и UNECE, со придонес на УНДП, УНИДО и СМО.
Сесијата беше посветена на постигнувањата во однос на целта 17 за одржлив развој: Интернет поврзливост и технологија.
Министерот Алити во своето обраќање се осврна на заложбите на МИОА и Владата за развој и унапредување на дигиталните вештини, истакнувајќи дека Дигитализацијата е една од најголемите приоритети на коишто посветено и континуирано се работи.