Заменикот министер Александар Бајдевски учесник во панел дискусија за дигитализација на општините на конференција “Еу за општините”

Скопје, 23 март 2022

Заменикот министер за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, денес учествуваше во панел дискусијата за дигитализација на општините во рамки на конференцијата „ЕУ за општините“. Покрај Бајдевски, учесници во панел дискусијата беа и Стефен Худолин, шеф за соработка при делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Горан Милевски, министер за локална самоуправа, Билал Касами, градоначалник на општина Тетово и Алин – Адриан Ница, претседател на Советот на округот Тимиш, Романија.

Бајдевски зборуваше за достигнувањата во областа на дигитализацијата при што се задржа на тековните проекти во министерството, како Националниот портал за електронски услуги, платформата за интероперабилност и Централниот регистар на население.

Тој, исто така, информираше дека во тек е проектот „ИПА 2017: Enhancing eGovernment”, со кој е предвидено да се развијат 135 нови електронски услуги за граѓаните и компаниите, а со кој веќе е изработена алатка за дигитализација на регистри.

„Во моментот во развој се 43 услуги и истите се очекува да се публикуваат на порталот во периодот јуни-септември 2022. Во рамки на овој проект исто така, се развива Регистар на регистри, во кој ќе се чуваат податоци за регистрите на сите државни институции, независно од тоа дали се дигитализирани или не. Се набавува и опрема за 11 комуникациски клиенти со кои на платформата за интероперабилност ќе се поврзат 11 нови институции.”, истакна Бајдевски.

Заменикот министер се осврна и на важноста на дигитализацијата во локалната самоуправа, но и важноста на истата за граѓаните.

„Процесот на дигитализација на услугите за општините е комплексен, заради надлежностите на сите нас, чинителите во него, а пред се на Министерството за локална самоуправа, општините и ЗЕЛС. Ние, како министерство, сметаме дека за услугите од Единиците на локална самоуправа, треба да се користи порталот, регистарот на население, платформата за интероперабилност, системи кои се веќе направени и се одржуваат од страна на МИОА. На овој начин од една страна се постигнува економично и ефикасно работење, а од друга страна порталот овозможува унифицирање на сите услуги, без разлика од која општина се испорачани и граѓаните од едно место пристапуваат до услугите, без при тоа да знаат дали ги добиваат од централната или локалната власт.”, додаде тој.

На крајот од своето излагање, изрази надеж дека во периодот кој престои, Единиците на Локалната Самоуправа, Министерството за локална самоуправа и Заедницата на Единиците за локална самоуправа (ЗЕЛС), ќе го забрзаат процесот на дигитализација на општините, а Министерството за информатичко општество и администрација со својата експертиза и системи, во рамки на своите надлежности, е тука да го поддржи целиот овој процес.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form

» Стратегија за отворени податоци 2018-2020

» Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Северна Македонија 2018 - 2022

» Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022 година (лектура во тек)

» Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Нацрт Годишен извештај за спроведување на акцискиот план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2021 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2020 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2019 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2018 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2017 година

» Годишен извештај од регистарот на вработените во јавниот сектор 2016 година

» Водич за давање повратна информација до јавноста за резултатите од процесите на подготовка на закони